Минирано специјално обвинителство

0
983

Без пари, со половина тим кој не дал заклетва и без простории за работа, состојбата на Специјалното Јавно обвинителство е во статус кво. Законските рокови според кои Владата требаше да го одобри планираниот буџет изминаа, а измина и рокот според кој Министерството за правда требаше да обезбеди комплетни просторни услови за работа на тимот. Од Владата и Министерството за финансии не добивме одговор дали воопшто финансиските планови на Специјалната обвинителка Катица Јанева се разгледани на седница, ниту пак, дали буџетот е одобрен, пишува Радио Слободна Европа.

Но работата на Јанева дополнително е закочена со тоа што седуммината обвинители кои беа избрани од Советот на јавни обвинители не дадоа заклетва во знак на протест поради неизборот на останатите од тимот. Со тоа целата работа на специјалната обвинителка е закочена. Таа неодамна изјави дека засега има само една канцеларија и еден помошник.

„Цел месец веќе работам сама, моите простории се во министерството за правда, имам еден помошник доделен од страна на почитуваниот министер и понатаму ако треба ќе работам со половина тим и секој ден ако треба ќе доставувам до Советот да ми го дополнат тимот.“

Јанева  за РСЕ не одговорила на прашањето дали таа сама започнала со разгледување на материјалите кои произлегуваат од прислушуваните разговори, ниту дали поднела ново барање за дополнување тимот

Текстот во целост прочитајте го ОВДЕ