МАРИЧИЌ : МИЦКОСКИ ЗА ПРВПАТ ГИ СТАВИ ВО КОНФЛИКТ МАКЕДОНСКАТА И ЕВРОПСКАТА АГЕНДА

0
788
Многу скапо ги плати нашиот народ лагите и манипулациите пласирани од ВМРО-ДПМНЕ особено кога беше актуелен спорот со Грција, кажа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето во Канал 5 телевизија.

Тој појасни дека билатералниот Договор со Бугарија е во преговарачката рамка само во делот на добрососедствотото, а добрососедството како критериум е во преговорите уште од 2005-тата година.

-Да не се залажуваме дека одново ако преговараме ќе добиеме подобри услови, кажа Маричиќ.Тој ја искоментира и вчерашната изјава на Мицкоски – европејците да ја тераат европската агенда, а ние ќе ја тераме македонската агенда.

-Она што го кажува Мицкоски е интересно, бидејќи за првпат ги става во конфликт европската и македонската агенда. Тоа што ние го сметаме е дека македонската агенда е и европска агенда и европската агенда е и македонска агенда. Европската кауза е и макеоднска кауза.

Македонските граѓани сакаат членство во ЕУ. Наша цел не е постојано да сме во чекалницата. Вака ги мотивираме граѓаните да извадат пасош од друга држава и да си заминат, истакна вицепремиерот.