МАЛЧЕСКИ : КОНЦЕПТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ПОДРАЗБИРА СОРАБОТКА СО УНИВЕРЗИТЕТИТЕ, НАУЧНИТЕ ИНСТИТУТИ, МАНУ ПРИТОА ПОЧИТУВАЈЌИ ЈА УСТАВНО ЗАГАРАНТИРАНАТА АВТОНОМИЈА И ЗАКОНИТЕ

0
174

Мислам дека последните седум години се рекорд во тоа колку лаги се кажани за високото образование, исто така и колку ништо не е направено за оваа област,  рече Самоил Малчески, член на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата „Образовна платформа за иднина“ на тема „Нов концепт за развој на образованието“.

Малчески информираше дека концептот на ВМРО-ДПМНЕ подразбира соработка со универзитетите, научните институти, МАНУ притоа почитувајќи ја уставно загарантирана автономија и законите.

„Во овој момент единствено тело преку кое може да се направи нешто во високото образование е Агенцијата за квалитет во високото образование, а таа во последниве седум години е потценета, предмет на политичко поткусурување меѓу СДСМ и ДУИ, и токму таму имаме директор поставен спротивен на Законот за високо образование и да бидам до крај искрен не најдовме дали и каде се стекнал со наставно научното звање“, кажа Малчески.

Малчески додаде дека ВМРО-ДПМНЕ во соработка со универзитетите, МАНУ по систем на меритократија ќе направи да се избираат во оваа агенција лица по системот на меритократија, односно луѓе кои се квалитетни, професионални и ги исполнуваат критериумите.

„Планирано е формирање на координативно тело кое ќе спроведе реформи во координација со сите инволвирани, да помогнеме да се креираат програмски планови согласно пазарот на труд, поддршка на студенти за природно математички и техничко технолошките науки, мерки за наставнички факултети како и професијата наставник да си го добие заслуженото место во општеството. Исто така се обврзуваме дека ќе ги изградиме популарните згради на ФИНКИ и на ФФК, оваа влада буџетира средства за изградба на тие објекти шест години и не видовме ништо, зградите само пропаѓаат“, заклучи Малчески.