МАЛИОТ ВИКТОР ОД СКОПЈЕ ГИ ПРОДАДЕ СИТЕ СВОИ ИГРАЧКИ, А СОБРАНИТЕ ПАРИ ГИ ДОНИРА ЗА БЕЗДОМНИТЕ ЖИВОТНИ

0
586

Ова мало момче од Скопје ги продаде сите свои играчки, а собраните средства ги донираше за помош на бездомните животни, објавија од организацијата „Хепи Шелтер“.

-Денес е најубавиот ден за Хепи Шелтер, малиот Виктор кој ги продаде своите играчки за помош на бездомните кучиња обезбеди 4.226 денари со што ни ги донираше и ни ги стопли срцата на сите нас во тимот, а сигурно и на вас. Се надеваме дека ќе биде пример за останатите деца и возрасни, како се шири емпатија, љубов и грижа за беспомошните и напуштени бездомни кутриња. Од денес малиот Виктор со големо срце е почесен гостин на Хепи Шелтер, објавија надлежните од организацијата.