МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ НАЈАВИ РЕВИЗИЈА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ ДОГОВОРИ ПОСТИГНАТИ ДОСЕГА А ПОТОА ГИ НАРЕЧЕ КАТАСТРОФА

0
994
Почитувани,
„Договорите се катастрофа, ќе мора да има ревизија на одредени договори,
ако сакаме државата да тргне во вистинска насока, а притоа да не живееме
во држава во којашто мнозинството е апсолутно фрустрирано почнувајќи од
францускиот предлог и многу други претходни договори. Ете ако велиме
дека преспанскиот договор беше нужно зло коешто мораше да се прифати за
да се добие членство во НАТО, мислам дека во тој момент требаше да се
спакуваат сите прашања заедно со бугарското прашање, но, притоа да се
внимава и на топонимите, и на македонското малцинство во соседството
бидејќи тие луѓе постојат таму, вие да се откажете од нив, а тие
постојат, се чувствуваат Македонци“. Ова вчеравечер го истакна
градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во емисијата
„Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.
Тој потенцираше дека во 90тите години, кога седеле на маса Глигоров и
тогашната политичка елита првично требало да подвлечат една линија и да
кажат ВМРО и партизаните се македонската историја, нема да дозволиме
формирање на политички субјекти кои ќе ги имаат тие предзнаци во своето
име. Имате левица, имате десница, а не да се создаде едно чувство во
јавноста дека вмровците пола се за Македонија, а пола се за Бугарија,
кај СДСМ да се создаде чувство едни се реформатори, други се поранешни
комуњари како што кажуваат и до ден денес таа хипотека ние како држава
си ја влечеме.
„Не успеавме во тоа да го разграничиме. Секој Македонец во срце и душа е
вмровец, тоа е нашата историја, ние не можеме да побегнеме од тоа. Тоа
што организацијата внатре потоа се дели во неколку правци, всушност ако
се вратиме на тие корени ние ќе сфатиме каде е суштината на проблемот и
со соседна Бугарија. Тие работи треба да ги отвораат историчарите“, рече
Димитриевски.
Градоначалникот Димитриевски изјави дека кај Македонците нема
фрустрација во однос на културата, а уште помалку на граѓаните на
Бугарија. Но, се создава огромна фрустрација на политичката елита
којашто управува со таа држава, затоа што во континуитет одредени
политички авторитети ги негираат, а од другата страна нашите
претставници молчат и тоа го голтаат. Не може Каракачанов да излегува и
да кажува Македонците не постојат.
„А сега организирате прослава на 11ти октомври, видете кое лицемерие во
Куманово. И ќе држите политички говор кадешто ќе го напаѓате фашизмот, а
од друга страна околу 11 Октомври ни се отвора културен центар на
држава, јас сакам на наша пријателска држава да ја наречам, за жал со
име на цар којшто во минатото е обележан дека бил составен дел на
фашистичкото движење. Мора да се каже дека од почетокот на Втората
светска војна па до самиот крај Бугарија е составен дел на фашистичката
структура, на фашистичката коалиција. Но, вие дозволувате да ви се
наметне едно такво решение. Некои работи што се случија во државата и
што се дозволи да се случат тоа се одговара за национално предавство
согласно Уставот. И верувам дека еден ден ќе се поведат постапки кога
нема обвинителите да бидат менувани како што сака политичката елита,
туку ќе работат реални професионалци. Државата е нешто најсвето“,
истакна Димитриевски.
Тој информираше дека со странски амбасадори разговара многу директно и
многумина од нив велат „па видете ова што вие го преживувате и ова што
вие всушност правите отстапки ова не би го дозволил никој“, дури ни во
неразвиените одредени африкански држави.
„Но, како и да е, тука се новите генерации, јас велам дека во Македонија
во континуитет се раѓаат Македонци од 90та година навака. Ако ние
претходните генерации коишто живеевме и во тој и во овој систем имаше
одредени дилеми, вистинските Македонци се раѓаат од 90та година наваму
на оваа генерација на коишто треба да им создадеме подобри услови за да
можат еден ден да дојдат да ја изведат државата на вистински пат“,
посочи Димитриевски.
Со почит,