„МАКЕДОНСКИ ШУМИ“ РАСПИША КОНКУРС ЗА 355 ВРАБОТУВАЊА : СЕ БАРААТ И ДРВОСЕЧАЧИ АЛБАНЦИ, И ТОА ВО БЕРОВО

0
316

Конкурс за нови 355 вработувања распиша ЈП Македонски шуми.

Според објавениот оглас дрвосечачи се бараат во повеќе општини, а како главен критериум за вработување е посочува етничката припадност.

Апсурдноста на огласот е во тоа што на пример во општина Берово се бараат 12 дрвосечачи и тоа албанци. Во оваа општина според последниот попис од 2021, живее само еден Албанец.

Но, за вработување Албанци се бараат и во други етнички македонски општини како Крива Паланка, Демир Капија и Кавадарци. И таму пописот покажа дека се општини во кои има по еден или пак воопшто нема Албанци.

Национални шуми е дел од бројните државни претпријатија кои периодов пред формирањето на техничката влада масновно вработуваат.

Пред неколку дена голем револт во јавноста предизвика и огласот за вработување на 6 специјалисти во Клиниката за гинекологија, со главен критериум исто така етничката припадност.