МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛЕР АЛИОСКИ ВО АКЦИЈА ЗА ПОМОШ НА НАСТРАДАНИТЕ ВО ТУРЦИЈА

0
605

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, кој го носи дресот на Фенербахче, учествуваше во акција за испраќање на помош за настраданите во силниот земјотрес во Турција.
На Твитер се споделува видео, на кое се гледа како Алиоски заедно со неговите колеги испрати нова облека, храна и останатите производи за луѓето кои останаа без своите домови во силниот земјотрес.