ЛУКАРЕВСКА : ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕК ИМА КРИТИКИ ЗА КОЧЕЊЕ НА СОБРАНИЕТО, РЕФОРМСКИТЕ ПРОЦЕСИ ТРЕБА ДА ПРОДОЛЖАТ

0
332
Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 истакна дека извештајот на ЕК содржи критики на сметка на опозцијата за кочење на Собранието.
Има критика во делот на политичката поларизација и дека има кочници во рамките на собранието. За опозицијата со многу фин речник во рамките на извештајот беше напомената таа неконструктивност, тоа блокирање на што сме сведоци во изминатиот период, истакна Лукаревска, додавајќи дека во однос на извештајот не може да се зборува дека има назадување, туку има 81% прогрес во поглавјата.
Лукаревска нагласи дека во однос на извешатите од 2015, 2016 година, кога приоритет беше дека државата е заробена имаме направено голем напредок и никако не смее тоа да се заборави, бидејќи сега може слободно да се зборува, делува, критикува.
Битен момент во рамки на извештајот дека владата и администацијата мобилизираа значајни ресурси и активно учествуваа во скриниг процесот.  Ова значи дека ние сме си ја завршиле работата, меѓутоа имаме уште многу да работиме во наредниот период, нагласи Лукаревска, додавајќи дека извршната власт носи реформи и прави резови онаму каде што е најпотребно, согласно своите надлежности, но никој пат не смее да се меша во судската власт, затоа што судската власт е независна во оваа држава.
Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, рече дека до крајот на овој мандат ќе се работи изгласување на уставните измени, бидејќи еден од предизвиците во рамките на овој извештај е дека треба многу темелно да се работи на унапредување на политичкиот консенсуз во рамките на општеството.
Според мене уставните измени, ни се единствената можност, којашто ќе може да ги оправда сите овие реформски процеси и да бидеме дел од европското семејство. Во извештајот се наведува дека „Северна Македонија се обврза да започне ги постигне релевантнтите уставни измени како прашање на приоритет“ и оваа реченица не потсетува дека всушност не станува збор за никаков бугарски диктат.  Ние мора да покажеме, како и опозицијата и другите политички групи во Собранието дека ова треба да биде нашиот заедички именител во иднина, порача заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.