ЛУДАК ОД ПРИЛЕП ВРАБОТЕН ВО ШУМСКА ПОЛИЦИЈА ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД МВР ПОРАДИ КРАЖБА НА ДРВА И АКУМУЛАТОР ОД ЗАПЛЕНЕТО ВОЗИЛО

0
3563

СВР Битола поднесе кривична пријава против Р.П.(45) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавениот, вработен во шумска полиција, по спроведена акциска контрола на место викано „Беловодица“, во која било одземено патничко возило натоварено со бесправно исечени огревни дрва, наместо да ги повика вработените во подрачното Шумско стопанство „Црн бор“ – Прилеп да го подигнат возилото и дрвата, тој растоварил поголем дел од дрвата, а оставил помал дел.

По ова пријавениот го прикачил одземеното возило за службеното возило и го доставил до „Црн бор“ Прилеп, каде го предал со записник, а потоа го извадил акумулаторот од одземеното возило и го земал со себе – информираат од МВР.