„ЛЕТАЛ“ НИЗ СКОПЈЕ СО 183 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС – ПРАШАЊЕ Е КАКО ВООПШТО УСПЕАЛ ДА ЗАПРЕ ОТКАКО ГО „УЛОВИЛА“ ПОЛИЦИЈАТА

0
754

Во текот на вчерашниот ден во Скопје полицијата изрекла 211 мерки за прекршоци во областа на сообраќајот, а на ноќните радари регистрирано е возило кое се движи со 183 километри на час, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Од вкупниот број прекршоци, 81 санкција се за возење над дозволеното, 16 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за прекршоци што ги прават пешаците. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за некористење сигурносен појас“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во соопштението не е наведена точната локација каде што бил „уловен“ возачот со брзина од 183 километри на час.