ЛЕСИ СЕ ВРАЌА ДОМА: По 5 години слугување на ВМРО ДПМНЕ, Васко Ефтов му се нуди на СДСМ – ВИ ЈА СТАВАМ НА РАСПОЛАГАЊЕ ЕМИСИЈАТА!

0
1497

По речиси 5 години жестока битка против СДСМ која кулминираше со негово бранење на крвавиот 27-ми април и гости кои во емисијата која одеше еден ден по крвавата драма изјавуваа дека требало да се оди до крај и да се убијат пратениците на СДСМ, Ефтов сега пак менува страна и отворено се нуди на СДСМ:

– Ја ставам на располагање емисијата Во Центар на власта, за да ја добиеме битката со Бугарија! Не смееме да ја изгубиме оваа битка! – вели Ефтов во најновата емисија.

Секако, сите вкави новинарски курвања се пакуваат во некакви виши цели за одбрана на земјата, но во основа зад тоа се крие чисто најмување на пропагандно куртонче кое си бара нов газда откако ВМРО ДПМНЕ го шутна поради недоразбирања најверојатно за пари и колку Ефтов треба да биде влијателен во ВМРО ДПМНЕ, нешто во стилот со Геро во СДСМ, впрочем тие и си ги променија местата, Геро е сега главен ПР и медиски соработник на ВМРО ДПМНЕ а Ефтов оди во аут.

Дали СДСМ ќе го врати назад Леси кој луташе 5 години и лаеше а богами и гризеше многу партизани за задник, тешко е дека тоа ќе се случи, Заев нема да му заборави што се Ефтов направи во клучните моменти кога Заев и целото негово семејство беше во клинч на режимот, Ефтов тогаш безмилосно удираше по СДСМ само затоа што навиваше за Бранковата струја на Бихачка за потоа да премине во ВМРО ДПМНЕ без око да миу трепне и 5 години беше главна медиска ѕвезда на режимот и небањатите!