КУРТОН АНКЕТАРОТ ВЛАЈЧЕ ПАК ВО КАМИКАЗИ АКЦИЈА, ОВОЈ Е ПОГОЛЕМ ФАНАТИК ОД ЧАВКОВ: Во анкетите на ИПИС на Божиновски повторно води ВМРО-ДПМНЕ

0
904

Во анкетата што ја објави Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) за претстојните избори во благо водство е ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ, пренесе 360 степени.Вкупно 21,9 отсто се определиле за ВМРО-ДПМНЕ, а коалиција СДСМ и Беса добила поддршка од 19,8 отсто, ДУИ има поддршка од 5,9 отсто, а за коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива се определиле 4,2 отсто, Левица, 1,3 проценти и ДПА 0,9 отсто. Анкетата е спроведена од Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) каде што програмски директор е Владимир Божиновски, политички аналитичар чиј глас пред две години се слушна и во две таканаречени „бомби“ кои беа пуштени во судница за предметот „Титаник“. Во разговорите се слушна како Божиновски разговара со ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, токму за анкета која ја спроведувал преку ИПИС.

Разговорот од 30 мај 2011 година, во кој Божиновски му вели на Јанакиески дека проблем за изборите во 2011 година е четвртата изборна единица, според анкетата што тој ја спровел. Во разговорот Божиновски додава дека е можно да има и грешка во анкетата од +/-3%, но дека следниот ден ќе ја повтори анкетата.

повеќе