КУМАНОВАЦ НЕ СПИЕ, ОД ДН ДО НОЌ Е НА ТЕРЕН : Оливер Спасовски во Струга изврши лично контрола за тоа колкава е таму безбедноста и колку се намалил криминалот

0
881
Безбедносната состојба во Струга е стабилна и се бележи намалување на криминалитетот.
Денеска остварив средба со раководството на ОВР Струга при СВР Охрид, на која беше потенцирано дека класичниот криминалитет бележи намалување, а бројот на прекршоци во областа на јавниот ред и мир во 2021 година е намален за 32% споредбено со ланскиот период на подрачјето на СВР Охрид.
Во областа безбедноста на патниот сообраќај на територијата на СВР Охрид за 2021 година, вкупниот број на сообраќајни незгоди е намален за 28%, а сообраќајните незгоди со потешки последици се намалени за 16%. Во однос на бесправно иградените објекти, во изминатиот период поднесени се 28 кривични пријави на територијата на ОВР Струга.
Како МВР продолжуваме со обезбедувањето на подобри услови за работење на полициските службеници, што пак резултира со уште подобри резултати во работењето.
Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.