КУЗЕСКА КОН МИЕТВА : ИМАТЕ 250 БОТОВИ НА ТВИТЕР, КОИ ШИРАТ И ШЕРУВААТ СТАТУСИ СО ГОВОР НА ОМРАЗА

0
450

„Кажувате да стигнат до парче леб-вие кажувавте дека нема да има храна на рафтовите, а не дека ќе стигне до поскап леб, вие кажувавте дека нема да има струја, а не дека ќе има 80 отсто субвенции од државата.

Спомнавте негативни политики, пописот е негативна политика? Да се знае колку луѓе живеат тука, да може да се предвидат политиките и ние и вие што ги предвидуваме во програмите. Имате 250 ботови на твитер, да не ви ги читам, таа ексел табела која некој ја креирал и поради некои односи сега сметал дека треба да ја сподели со јавноста, истите тие, ќе кажете не се креирани од нас. На истите тие профили погледнете, 61 за влада без една националност и тоа со зборот со кои не сакаат така да се нарекуваат.

Сакате да кажете дека има 250 луѓе кои не знаеме кои се и шеруваат и пишуваат статуси со говор на омраза на Твитер,“ постави прашање Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ, до портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ , Марија Митева во емисијата Топ Тема на ТВ Телма.

„Негативната кампања кај граѓаните има негативен ефект. Да ја дефинираме црна и негативна кампања и предизборна кампања зборуваме. Ако земеме предвид, конкретно еве противникот на СДСМ- ВМРО-ДПМНЕ, низ годините води црна и негативна кампања.Мислам дека не постои поцрна и негативна кампања од изјави, пресови, од секакво обраќање во медиуми, кои што се полни со лага.

Ако се навратиме наназад, да почнеме од потписите за мигранти,на 40 степени луѓето се потпишуваа да не се населуваат мигранти во државата, повик за бојкот на пописот, што следуваше со помала бројка на попишани граѓани, потоа нема да има струја, храна, па асимилација и бугаризација, работи кои се испоставија дека воопшто не се така, а некој го користеше тој момент, ги користеше сите тие состојби кои се случуваа во државата само за партиски бенефит, воопшто не се мислеше на граѓаните и воопшто не се размислуваше за реториката дека тоа ќе поттикне една поделба кај граѓаните и ќе поттикне омраза кај граѓаните кон одредена група,“ рече Кузеска.