КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ШТИПЈАНЕЦ : ЗА ЗАЕМ ОД 1.400 ДЕНАРИ НАПЛАЌАЛ 1.000 ЕВРА

0
711

Одделението за внатрешни работи Радовиш до основните јавни обвинителства во Струмица и во Радовиш поднесе кривични пријави против Е.Ј. (35) од Штип, со престојување во Радовиш, поради сомнение дека сторил кривични дела „уцена“ и „лихварство“, соопштија денеска од СВР Струмица.

Како што информираат од полицијата, во текот на 2022 година и почетокот на 2023 година осомничениот, искористувајќи ја тешката имотна состојба и недоволното искуство на повеќе граѓани од Радовиш, неовластено им давал пари на заем со устен договор, а при тоа договарал несразмерна имотна корист која најчесто била со неделна камата од 100 отсто, односно двојно поголема од позајмената вредност која се удвојувала со секоја помината недела.

Во соопштението се додава дека осомничениот на две од лицата на кои претходно со устен договор им дал пари, при задоцнета наплата им упатил сериозни закани, со што истите биле присилени да извршат уплата од 300.000 денари за даден заем од 33.000 денари, односно 1.400.000 денари за даден заем со устен договор од 60.000 денари.