КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО ШТИП, ИСПЛАТИЛА 2,6 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ДЕТСКИ РЕКВИЗИТИ КОИ НЕ БИЛЕ ДОСТАВЕНИ

0
559

Министерството за внатрешни работи соопшти дека поднеле кривична пријава за злоупотреба на службена положба против директорка на градинка во Штип.

„СВР Штип до надлежното Основно јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Н.М.(39) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ’злоупотреба на службена положба и овластување’ и ’Попречување на правдата’.

Пријавената, во својство на вршител на должност директор на општинската јавна установа – Детска градинка во Штип, во декември лани, по спроведена постапка за јавна набавка на детски реквизити и монтажа на детски реквизити, иако доставата и монтажата не биле извршени, таа извршила исплата на економскиот оператор и предизвикала штета на Буџетот на Република Северна Македонија за сума од 2.593.601 денари“, соопшти МВР.