КОСТОВСКИ ОД ЛЕВИЦА : ОДЛУКАТА НА УСТАВНИОТ СУД ЗА ПОКАЧЕНИ ПЛАТИ НА ФУНКЦИОНЕРИ ЗА 78% Е НАМЕРНА АГЕНДА СО ЦЕЛ МИЦКОСКИ ДА МОЖЕ СЛОБОДНО ДА РЕТЕРИРА ОД СТАВОТ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ЗА ВНЕСУВАЊЕ НА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ!

0
427
  • Одлуката за покачување на 78% Уставниот суд намерно ја донесе сега, како што знаеме Уставниот суд знаеме и години да држи предмети и тоа оваа одлука е намерно донесена сега пред ретерирањето на Мицкоски, тоа е се координирано направено за да се дефокусира јавноста да не се зборува за промената на ставот на Мицкоски од 180% преку ноќ туку да зборува дека функционерите ќе крадат и ќе земаат поголеми пари.

    Гледате и дека националните телевизии кои што се впрегнати во оваа агенда каде на самата пресконференција на Левица каде што кажува за овие работи којшто се многу и те како битни, они цело време инсистираа што ќе сме направеле во врска со покачувањата како да ние имаме 61 пратеник и ќе влијаеме врз одлуката на Уставниот суд.

Советникот на ,,Левица” од Општина Аеродром, Горан Костовски – Чиз во ,,Инфомакс”