КОСТАДИНОВ И ГИР СЕ СРЕТНАА НА НЕФОРМАЛЕН ВЕЛО ЧАС ВО СТРУМИЦА

0
468

Во eвропска Струмица – европски гости.

Со посебна чест, срдечно добредојде му посакав на Н.Е. г. Дејвид Гир, амбасадор на Делегацијата на ЕУ во РСМ.

На средбата разговаравме на повеќе теми, а поттик ни беа заедничките цели – прогресивен развој со втемелување на европските вредности. Гордост ни се реализираните и проектите во тек, а кои финансиски се поддржани од европските фондови.

Посебен акцент му дадовме на фестивалот „Вело Струмица“, кој е дел од проектот „Струмица – Паметен вело град“ финансиран во рамките на програмата „ЕУ за Општините“.

Му се заблагодарив за севкупната поддршка на општина Струмица, а си потврдивме дека таа ќе продолжи и понатаму.

Од срце за ЕУ во нашата Струмица.❤️

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов.