КОСТАДИНОВ : ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА ,,АТАНАС ЈАНЕВ” ВО НАСЕЛБАТА КАСАРНА СО ВИСОКО КВАЛИТЕТЕН ДВОСЛОЕН АСВАЛТ

0
660

⭕️Градежната офанзива продолжува со реализација на дел од улицата ,,Атанас Јанев’’ во населбата Касарна – покрај новата градинка, и тоа во должина од околу 2️⃣0️⃣0️⃣ метри.

⚒👷‍♀️Во овој проект е опфатена комплетна изградба на улицата, односно, поставување дренажа, тампонирање и асфалтирање на коловозните ленти со два слоја асфалт, како и уредување на тротоарите со бекатон плочки.

🏗Покрај двете коловозни ленти со ширина од по 3,5 метри, во делот пред главниот влез на градинката ќе биде изградена и посебна сообраќајна лента наменета за запирање на возилата на оние граѓани кои ќе ги донесуваат или земаат децата од градинката.

Од срце за нашата Струмица!❤️

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов.