КОСТАДИНОВСКА СТОЈЧЕВСКА : СПОМЕН ПЛОЧАТА НА ОСУДЕНИ ЛИЦА ОД ФАШИСТИЧКИОТ ОКУПАТОР ВО ОХРИД ЌЕ БИДЕ ВРАТЕНА ВО ПРВОБИТНАТА СОСТОЈБА

0
201

По тој повод, таа апелира на поголема совесноста од секој поединец кон културните и историски споменици, а во спротивно дека негрижата и дејствијата во насока на нивно уништување ќе бидат соодветно казнети.Во објавата на ФБ пишува и дека инспекторите за култура извршиле вонреден инспекциски надзор по повод отстранувањето на спомен-обележјето на осудени лица од фашистичкиот окупатор во 1941 година, при што се констатирани прекршоци и на сторителите им се изречени законски глоби, согласно одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен-обележјата.

Како и дека, дополнително е извршен и инспекциски надзор во Општина Струга за поставувањето на спомен-плоча за основно училиште „Битолски конгрес“ во 1941 година и за градоначалникот, кој е надлежен за истата и е изречена законски утврдена глоба.