КОЛЕВА : ИРОНИЈАТА Е КОГА НАЈКРИМИНАЛНАТА ПАРТИЈА, ДПМНЕ ОБВИНУВА ЗА КРИМИНАЛ

0
738

Клучно во наредните еден, два три месеци е дијалогот да биде насочен кон почетокот на преговорите за влез во ЕУ, истакна пратеничката на СДСМ Даниела Колева во емисијата „24 анализа“ на телевизија 24.
Колева нагласи дека клучниот момент на кој треба да се фокусира е заеднички со опозцијата да се донесе одлука, опозицијата да го поддржи ова решение, да се изгласаат уставните измени  и заеднички да продолжиме понатаму, бидејќи народот сака да види резултати, реализација, сака да ја види државата во ЕУ.
Иронично е членови на една партија да зборуваат за корупција и криминал, гледајќи го последниот случај Феникс, кој покажува што се случувало додека биле на власт, како владееле 11 години со злоупотреби на парите на граѓаните, за да се богати раководството на ДПМНЕ, слушајќи ги бомбите во кои имаше местење избори и „човечиња од Пустец“ и местење судии по нивна желба, во кои имаше буквално прикривање убиства, една партија, додека е во опозиција на секој начин се обидува да ја блокира државата, истакна Колева.
Пратеничката Колева нагласи  дека иронијата е голема кога најкриминалната и најбогата партија во Европа, на која се очекува да и биде конфискувана Белата палата, во која има теписи од 40.000 евра, рамки за слики од 4.000, вазни од 10.000 евра, кристални лутери и раскош невиден, градена кога социјалната помош била 3.000 денари, обвинува за криминал за корупција.
Колева нагласи дека ДПМНЕ има неконзистентен став кон клучните прашања во државата.
Тие зборуваа за населување на мигранти, тоа не се случи, зборуваа за рестрикции на струја ниту еден час немаше рестрикции, креваа паника дека струјата ќе поскапи 40%, десет пати, креваа паника дека нема да има леб, дека нема да има храна и тоа не се случи, кажуваа дека после францускиот предлог ќе има бугаризација, ќе биде променет идентитетот, јазикот, кој не бил поцврст никогаш од сега, после лидерската средба нивниот лидер кажува едно дека се согласува на уставни измени, за после почна да ретерира, нагласи пратеничката на СДСМ Даниела Колева во емисијата „24 анализа“ на телевизија 24.