КОВАЧКИ : ВЕ ПОВИКУВАМ СИТЕ ВО 20 ЧАСОТ ПРЕД ВЛАДА НА ГОЛЕМИОТ НАРОДЕН МИТИНГ НА ВМРО-ДПМНЕ, ЗА ДА ЈА НАПРАВИМЕ МАКЕДОНИЈА ГОРДА ЗЕМЈА МОРА ДА ЈА ИЗБЕРЕМЕ СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

0
172

Прес-конференција на Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.

Почитувани,

Време за важни одлуки. Време е за промени и победи на граѓаните на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ.

Од денеска започнува крајот на националните понижувања, на газењето на македонското национално достоинство и на газењето на Македонецот.

Време е за нова иднина. Време е за нова надеж, за проекти и за реформи. Време е Македонија да добие мајка на нацијата. Време е професорката Гордана Силјановска Давкова да стане претседател на сите граѓани на Македонија.

Македонија горда. Македонија исправена. И секако Европска Македонија. 

За Македонија повторно да биде твоја вечерва ве повикувам сите во 20 часот пред Влада на големиот сенароден митинг со што ќе ја дадеме поддршката на нашиот кандидат и иден претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова.