КОВАЧЕВСКИ : ЧЕТИРИ ГОДИНИ „МОЈ ДДВ“ – ЧЕТИРИ ГОДИНИ ГИ ВРАЌАМЕ ПАРИТЕ НАЗАД КАЈ ГРАЃАНИТЕ

0
621

„Мој ДДВ” е една од најдобро реализираните мерки која дава одличен ефект и токму затоа денес, над половина милион граѓани ја користат оваа можност за поврат на средства, наведува на фејсбук премиерот Димитар Ковалевски по повод четити години од спроведувањето на оваа мерка.

– Годинава го зголемивме лимитот на повратот од 1.800 денари на 2.100 денари за тромесечје или 8.400 денари годишно по корисник, за што се обезбедени средства во буџетот. Во изминатите 4 години, над 6,6 милијарди денари се вратени назад кај граѓаните, а само годинава во првите три месеци се вратени 1,2 милијарди денари. Овие успеси се успеси и на граѓаните и на компаниите. Со фискалната дисциплина што ја поттикнавме со мерките како „Мој ДДВ“, плаќањето на даноците е прифатено како одговорност кон државата која носи придобивки. Тоа е и сликата што ја создаваме за нашата земја.

За праведна и солидарна држава во којашто сакаме да растат нашите деца. За да имаме квалитетно здравство, современо образование, за да се градат нови патишта и инфраструктура. За да има доволно пари за пензии, за социјална помош и сите облици на финансиска државна поддршка и за да се движи државата напред, пишува во пораката премиерот Ковачевски.