КОВАЧЕВСКИ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА РЕДОВНИ ИЗБОРИ, А СИГУРЕН Е ДЕКА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ЌЕ ПОБЕДИ КАНДИДАТОТ НА СДСМ

0
763

Димитар Ковачевски /Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Изборите ќе бидат редовни, во 2024 година, меѓутоа сметам подготовката на програмата на СДСМ е еден процес во којшто ќе бидат вклучени, покрај партиските комисии и општински организации, пред се и граѓаните, изјави во интервју за телевизија Сител премиерот Димитар Ковачевски.

Во однос на последните внатрепартиски настани и активности и заедничката фотографија од партиското седиште објавена на социјалните мрежи на која се рамо до рамо со Заев, Ковачевски вели дека целта била едноставно да се покаже обединувањето на сите прогресивни сили, со цел да бидат донесени потребните одлуки за државата, а во насока на зачленување на Северна Македонија во ЕУ.

„Ако ја погледнете сликата таму има еден актуелен, еден поранешен и еден технички премиер, поранешен генерален секретар на партијата, потпретседатели на партијата – луѓе кои имаат големо искуство и партиско но и во извршување на државни функции. Од тој аспект беше формирано едно тело за подготовка на она што следат како активности, меѓутоа целта клучна е како што беше објавено е обединување на сите прогресивни сили се со цел да бидат донесени потребните одлуки за државата а во насока на зачленување на Северна Македонија во ЕУ до 2030 година, рече Ковачевски.Според премиерот победник на следните претседателски избори ќе биде кандидатот предложен од СДСМ и поддржан од проевропската коалиција, порача претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, денеска, во интервју за Сител Телевизија.

„ Победник на следните претседателски избори ќе биде кандидатот предложен од СДСМ и поддржан од проевропската коалиција. Со оглед на тоа што ние покажавме дека не калкулираме со важните одлуки во државата, дека не сме водени од дневна политика, дека не сме водени од личен интерес, туку напротив, СДСМ и коалиционите партнери а тоа секогаш го кажувам бидејќи и тие се дел од носењето на одлуките, ги донесовме најтешките и најважните одлуки од првиот ден на самостојноста на нашата држава. Сетете се и на Охридскиот рамковен договор и на Преспанскиот договор и на влегувањето во НАТО и на заклучоците во Собранието за усвојување на Преговарачката рамка, отпочнувањето на преговорите и првата меѓувладина конференција. Тоа се одлуки кои ги донеле СДСМ“, рече Ковачевски.Претседателот на СДСМ додаде дека во рамки на партијата се уште не е отворена дискусијата за претседателски кандидат.