КОВАЧЕВСКИ ОД ДЕЛЧЕВО : НОВИ МЕРКИ ЗА ПОМАЛИ ЦЕНИ НА ХРАНАТА, НИКОЈ НЕМА ДА БИДЕ ОСТАВЕН САМ ВО КРИЗАТА

0
563
Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва во Делчево зборуваше на трибината организирана од СДСМ „Силно и одлучно кон иднината“ зборуваше за потребата Владата предводена од СДСМ да се грижи за секој еден граѓанин во време на светска криза за храна и енергенси. Притоа тој ги истакна политиките на Владата за да се заштити секој еден граѓанин и рече:
”Ја субвениционираме струјата за домаќинствата за дури 80% како и за 72.000 компании што вработуваат најголем дел од вработените во државата. Ако не е таа субвенција од Владата, сметките кои ќе ги добиваат граѓаните би биле 5 пати повисоки. Последната мерка на Владата ја објавивме вчера, државата ќе ја субвенционира цена на струјата за компаниите од прехранбената индустрија за да се намалат цените на основните прехрамбени производи. Со оваа одлука цените на основните прехранбени производи, лебот, брашното, млекото и млечните производи, маслото за јадење, месото, брашното, млекото, ќе се стабилизираат . Со последните мерки, се очекува намалување на цените на основните прехранбени производи и до 10%. Тоа нашите граѓани го заслужуваат и тоа е одговорно во време на криза. Знам дека се зголемени цените поради глобалната криза, знам дека има инфлација насекаде и кај нас ама не бегам од предизвикот туку се справувам со нив.” – посочи Ковачевски
„Заедно со мојот тим работиме ден и ноќ за да обезбедиме се што е потребно за граѓаните и државата. Верувам дека заедно ќе успееме. Јас нема никого да оставам сам, СДСМ нема никого да остави сам и Владата нема никого да остави сам. Никој нема да биде оставен сам во оваа криза”. рече Ковачевски истакнувајќи дека своето менаџерско искуство низ годините денес му овозможуваат истот да го стави во функција на соодветно менаџиреање на буџетот и парите на граѓаните.
Претседателот на СДСМ и премиер Ковачевски се осврна и на мерките со кои од повеќе аспекти се дава поддршка и на граѓаните и на стопанството во време на криза.
“Максимилизирано е производството на струја, веќе неколку денови ЕСМ произведува 100% од потребите за целиот регулиран пазар, за сите домаќинства и за сите мали потрошувачи во државата. Уште во првите денови од мојот мандат ја покачивме минималната плата на 18.000 денари. Тоа е  двојно повеќе отколку минималната плата која во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ изнесуваше под 9.000 денари” истакна Ковачевски.
Како една од најважните активности спроведени уште на почетокот на неговиот мандат, претседателот на СДСМ и премиер Ковачевски ги истакна и зголемувањето на минимална и просечната плата како и зголемувањето на пензиите.
“По новата методологија пензиите за 6 месеци ги зголемивме за рекордни 10 отсто.  Следното зголемување кое се очекува да изнесува повторно околу 6 отсто ќе се случи во март 2023. Вакво нешто, во календарска година да се зголемат пензиите за 16% никогаш се нема случено. Ветив покачување на платите и тоа го реализиравме. За само неколку месеци платите во образованието ги зголемивме за 15 отсто, за 7% платите во високото образование, за 5% раст на платите во МВР, во здравството и во одбраната.
Ковачевски истакна дека реализираните два пакети антикризни мерки за помош на граѓаните вредни над 760 милиони евра според проценките на Светска банка тоа е најголемиот пакет на антикризни мерки и поддршка за најранливите категории на граѓани и компаниите од сите земји во нашиот регион.
“Во овие четири месеци пред нас, за кои многумина велат дека ќе бидат најтешки, финансиски ќе помогнеме над 200.000 граѓани во државата за оние кои што имаат најмалку.” рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.