КОВАЧЕВСКИ : ОДЛУКАТА НА СУДОТ ВО СТРАЗБУР Е ПОБЕДА НА ДРЖАВАТА И ПРАВДАТА

0
289

Премиерот Димитар Ковачевски, во одговор на новинарско прашање за одлуката на Европскиот суд за човекови права кој едногласно ја прогласи за недопуштена жалбата во предметот „Талески и другите против Северна Македонија“ истакна дека ова е огромна победа и огромен успех на нашата држава.

„ Прво, ова е огромна победа и огромен успех на нашата држава. Македонскиот тим навистина даде се од себе и извојува победа во исклучително комплексен случај. Би сакал да изразам огромна благодарност за нивната посветена работа во текот на изминатиот период. Со одлуката на Судот во Стразбур која во случајов е во корист на државата, жалбите на апликантите во целост се прогласени за недозволени вклучително и во делот за наводните помилувања.

Аргументите на Владата во однос на недозволеноста на апликациите се целосно уважени од страна на Судот во Стразбур. Особено е важно да се исткане дека спротивно на тврдењата на апликантите, Судот не утврди прекршување на Европската Конвенција за заштита на човековите права.