КЛИНИКАТА ЗА ОНКОЛОГИЈА ФУНКЦИОНИРА НОРМАЛНО, ТЕЧАТ РЕДОВНИ ПРЕГЛЕДИ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРКАТА КЛИСАРОВА

0
283

Универзитетската Клиника за онкологија и радиотерапија функционира нормално, вели за Фокус директорката на Клиниката, Виолета Клисарова.

„Сите закажани пациенти, тековни прегледи предвидени терапии на пациентите, како и прием на нови пациенти функционира нормално. Работат сите амбуланти. Работиме со полн капацитет на Клиниката и затоа замолувам да не се создава паника. Никој од пациентите нема да биде вратен. Сите ќе ја примат предвидената и планираната терапија, рече таа.

Таа не ги коментираше денешните случувања на клиниката. Во врска со претресите кај лицата кои се сомничат дека се поврзани со случајот Онкологија, Клисарова упати на надлежните институции.

Од утрово се вршат петреси кај лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со случајот Онкологија. Според информациите има и уапсени, меѓу кои и ексдиректорот на клиниката.