Кластерите мекици, куќна слава, свадба, ифтарски вечери и погреби го кренаа бројот на заразени

0
1172

Наглото зголемување на бројот на заразени со коронавирус е резултат на околу 40 кластери на ниво на државата, и на 15 до 20 кластери во Скопје.

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Сотирова-Бухова на денешната прес-конференција ги нарече како: мекици – Охрид, слава – Ресен, свадба – Скопје, ифтарски вечери и погреби. На нив, според проценките на институциите, присуствувале од 50 до 150, па и 200 луѓе.

„На пример, кај кластерот свадба – Скопје имаме 14 заразени и, замислете, ниту еден контакт, кај кластерот мекици – Охрид има 21 заразен и 200 контакти, куќна слава – Ресен има 31 позитивен и над 70 контакти. За жал, имавме и погреби со голем број присутни, а според протоколите не смеат да присуствуваат повеќе од 5 лица“, истакна Бухова.