КАСАМИ НЕМА СОМНЕВАЊЕ ДЕКА ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ ГО СПРОВЕДУВА УСТАВОТ ВО ДЕЛОТ НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА

0
138

Касами го повтори својот став дека уставни измени полесно можат да се донесат со влада на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, која, според него, е решителна да го продолжи европскиот пат не само како декларативна заложба. На новинарско прашање што ќе се случи ако воопшто и не дојдат на дневен ред уставните измени со оглед на реакциите од Грција и најавите за блокада уште пред формирање на новата влада, Касами вели:

Касами: Немам сомневање дека оваа влада ќе ги имплементира Уставот и законот. Во ниту еден случај нема искажано двоумење во тој дел. Без разлика што имаше некои такви ситуации.360°: Мицкоски вели дека заклетвата на претседателката била достоинствена и дека и тој ќе продолжи усно да не го користи уставното име.

Касами: Во тој дел, како институционалисти, и претседателот на државата и премиерот и другите чинители како идна влада, би требало и верувам дека ќе се почитува Уставот и законите. И во тој дел треба да се види што е законито и уставно во однос на имплементирање на тоа што е постигнато досега. Јас можам уште еднаш да потврдам дека нема да има враќање во тој дел, зашто тоа го имаат кажано и сегашниот претседател и идниот мандатар.За официјалните обраќања на претседателката Сиљновска-Давкова, која не го користи уставното име на државата, Касами вели дека треба на тоа да се гледа и од друг агол.

„Може да одиме и на друга линија, таа на сегашните патувања користи пасош со тоа име, и заклетвата – писмениот дел беше потпишан со уставното име. Нема да биде интерес на ниту една страна да бидеме блокирани и да не добиеме ништо ново во делот на достоинството. Чинителите на следната влада, и претседателот и владините функционери, ќе најдеме начин како тоа да биде во рамките на Уставот, во рамките на зкаоните, односно тоа што е претходно договорено со Грција и да се продолжи патот напред“,вели Касами.

На прашањето за можно вето од грчка страна поради непочитување на Договорот од Преспа, Касами вели дека приоритет на владата ќе биде деблокирање на процесот на еворинтеграции.„Во следната влада во која ќе виде ВЛЕН, верувам дека и ВМРО-ДМНЕ, ако стојат на тоа што ние го гледаме во досегашните преговори за составување влада – државниот интерес да е на прво ниво, тогаш ќе најдат сила за сѐ што е во интерес да се продолжи патот, ќе се турка напред. Затоа, велам, без разлика на тоа што било досега, тоа што ќе го постигне идната влада ќе биде далеку пореално во делот на интегрирање на Македонија во ЕУ“рече претседателот на Движењето Беса.