ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОО СДСМ ПРИЛЕП ПО ПОВОД 120 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ВЕЛИКАН, ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ МЕТОДИЈА АНДОНОВ ЧЕНТО

0
573

Одбележуваме 120 години од раѓањето на македонскиот великан, прилепчанецот Методија Андонов-Ченто.

Идеалите на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, се нашиот патоказ кон изградбата на развиена, напредна, слободна и демократска татковина за сите кои живеат во неа.

Револуционерното и државничко дело на Ченто, е гордост за Прилеп и прилепчани и засекогаш ќе биде дел од светлата страна на македонската историја.

Вечна му слава!