КАСАМИ : ВМРО-ДПМНЕ БИ ТРЕБАЛО ДА ИМА РАЗБИРАЊЕ ЗА НАШЕТО БАРАЊЕ СИТЕ АЛБАНЦИ ВО РЕГИОНОТ ДА УЧАТ ОД ИСТ БУКВАР

0
217

Касами: Можам да кажам дека генерално е усогласена, можеби, останале некои детали кои треба овие денови работните групи да ги финишират.

360°: Можете ли да ни кажете кои од предизборните залагања, заложби на ВЛЕН, ќе бидат дел од владината програма? Касами: Па, како прво, веќе ние ги објавивме и како првичен договор дека заеднички како определби ќе ги тераме како влада, тоа е во делот на европските интеграции, дека интензивно ќе се продолжи со процесот на ЕУ-интегрирање на државата, борбата против корупцијата и економскиот развој. Значи, овие се трите главни столба на следната програма на Владата.

360°: Сакам за некои поспецифични теми, на пример – основање академија на науки на Албанците; кординирање, усогласување со властите во Албанија и Косово за да се унифицираат системот и наставните програми со оние во овие две соседни земји; за предметите јазици, книжевност, историја, географија и други поврзани со општеството и културата треба да се користат истите текстови и наставни програми со Албанија и Косово – ова се заложби од вашата програма, понатаму – да се редифинира уставниот поредок на земјата за да биде еднаква држава на двете мнозински заедници. Што од ова ќе биде дел од новата владина програма?

Касами: Значи, генрално сè што е во рамките на усогласување на нашите програми. Во делот на тоа, како етничка заедница, кај Албанците нели одамна е препозанено барањето да имат еден буквар. Значи, тоа беше од одамна определба затоа што од тоа се учат буквите таму и нема некоја не знам филозофија…

360°: Сега не функционира?Касами: Па, не функционира, досега не фунцкионираше, затоа што Артан Груби…360°: Имате ли разбирање кај ВМРО-ДПМНЕ за тоа?Касами: Па, би требало да има разбирање, затоа што тоа не е ни политика, тоа не е ни којзнае што, значи во делот на хармонизирање на сите наставни програми кои сигурно дека нама да бидат на штета на меѓуетничките односи во државата, ќе бидат хармонизирани затоа што значи сите овие држави кои ги спомнавте во регионот полека одат кон Европската Унија и сите, и наставни програми и сите други програми би требало да се хармониизраат со Европската Унија.360°: Но, нели наставната програма за училиштата во Македонија, сепак, треба да рефлектира кон интегрирање и на Албанците во оваа држава, а не кон евентуално некакво паналбанство?

Касами: Има од програмите кои се во делот на интегрирање на меѓуетничките односи, односно етникумите во Македонија, но тоа што се работи за Албанците како Албанци, значи тоа нема да биде проблем на Македонците. Ако, реков, примерот со букварот, значи ние имаме еден буквар затоа што таму се учат буквите, таму не се учи ни историја, ни географија, ни политика. Затоа велам дека има многу од работите што ние како Албанци можеме да ги хармонизираме во делот на нашата припадност како етничка заедница, но во делот на државната припадност во Македонија сигурно дека таму има полно од наставнита прогрма кои сега, но и во иднина би требало да бидат во делот на меѓуетничката хармонија.