КАКОВ ПОЛИТИЧКИ ПРЕСВРТ ВО САД БЛАГОДАРЕНИЕ НА ГЛАСАЧИТЕ ВО ЏОРЏИЈА: ДЕМОКРАТИТЕ ОСВЕН ШТО ЈА ОСВОИЈА БЕЛАТА КУЌА, СО ДВАТА НОВИ СЕНАТОРИ ОД ЏОРЏИЈА ДОБИЈА МНОЗИНСТВО И ВО СЕНАТОТ!

0
1070

Евреин продуцент на документарци и црнец свештеник се двајцата нови сенатори во американскиот сенат од државата Џорџија со што демократите го добиваат мнозинството во горниот дом на конгресот. Тие веќе одамна го имаат мнозинството во долниот преставнички дом но сега го имаат и сенатот каде мора да поминат сите закони во САД.

Со ова демократите прават целосен политички пресврт, ја добија белата куќа сега ги имаат сенатот и конгресот со што целосно се на власт во сите три главни извршни и законодавни институции.

Републиканците ќе имаат предност само во врховниот суд каде благодарение на Трамп добија три нови судии со доживотен мандат.