Истражување на Брима Галуп: Заев со рејтинг 9,4%, Мицкоски 4,2%

0
824

Претседателот на СДСМ, Заев е политичар со убедливо најголема поддршка од граѓаните. 9,4 отсто од испитаниците на анкета на Брима Галуп одговориле дека најголема доверба имаат во Заев, додека 4,2 отсто се изјасниле за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, стои во соопштение до јавноста на официјалната страна на Социјалдемократскиот сојуз.

Останати партии партии кои се појавуваат на анкетата се Интегра со рејтинг од 1,3%, Левица со 1,2% и ДПА со 0,6%.

Во однос на излезноста за престојните предремени парламентарни изброи, 41 отсто од испитаниците одговориле дека сигурно ќе гласаат, додека 18,3 отсто дека нема да гласаат. Останатите би гласале со различен степен на веројатност, но имаат поголема наклонетост кон гласање отколку кон неизлегување на 15 јули.

На прашањето кој е најголем проблем со кој се соочува државата, граѓаните, со 29,1% поддршка, ја означуваат пандемијата со COVID-19.

21,2% од испитаниците сметаат дека на второ место е проблемот со невработеноста , економскиот развој со 14%, Нискиот стандард со 9,4%, а потоа со помали проценти под 4% следуваат низок квалитет на државната администрација, општата политичка ситуација и криза, ниски плати и пензии, криминал и корупција, слабо функционирање на системот и иднината на младите.

За 73,2 отсто од испитаниците подобро е нашата државата да стане членка на ЕУ, додека 18,3 сметаат дека подобро е да не стане членка на ЕУ, а 8,6 отсто немаат одговор.