ИРАН : НАШИОТ ОДГОВОР КОН ИЗРАЕЛ ЌЕ БИДЕ КОНТРОЛИРАН И НЕМА ДА ЕСКАЛИРА

0
62

Иран му сигнализираше на Вашингтон дека ќе одговори на израелскиот напад врз неговата сириска амбасада на начин што ќе избегне ескалација и нема да дејствува избрзано.

Пораката на Иран на САД им ја пренесе министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан за време на посетата на Оман во неделата, пишува Ројтерс. Оваа држава честопати дејствуваше како посредник меѓу две непријателски земји.

Белата куќа не сакаше да коментира дали добила пораки од Иран, но објави дека САД го известиле Техеран дека не е вклучен во нападот на амбасадата во Дамаск.

Извор од американската разузнавачка заедница не знае за пораката испратена преку Оман, но за Ројтерс изјави дека Иран „бил многу јасен“ дека неговиот одговор ќе биде „контролиран“ и дека ќе избегне ескалација.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи во средата рече дека Израел „мора да биде казнет“ и дека тоа ќе се случи. Израел не ја потврди одговорноста за нападот врз амбасадата, но тоа го соопшти Пентагон.