ИЛЈАДНИЦИ ИЗРАЕЛЦИ ИЗЛЕГОА НА УЛИЦИТЕ СО БАРАЊЕ ЗА ОСТАВКА НА НЕТАНЈАХУ

0
210

Илјадници Израелци излегоа на улиците за да протестираат против владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, барајќи негова оставка.

Демонстрантите во Тел Авив побараа предвремени избори и ослободување на преостанатите заложници кои ги држеше Хамас во Појасот Газа.

Протести се одржаа и во други израелски градови, вклучувајќи ги Ерусалим и Хаифа.

Жена која е ослободена од заробеништво и чиј сопруг сè уште е заложник од Хамас, им се обрати на демонстрантите во Тел Авив, велејќи му на Нетанјаху: „Прати ги дома!“

Таа побара од израелскиот премиер да му даде „широк мандат“ на преговарачкиот тим да преговара за ослободување на преостанатите заложници во замена за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на палестинските затвореници.

„Не доаѓајте дома без договор, вратете ги нашите најблиски“, рече таа.

Израелските медиуми јавуваат дека поранешниот воен разузнавач Амос Малка го повика Нетанјаху да поднесе оставка.

„Владата жртвува заложници, го изолира Израел и го зајакнува Хамас“, рече поранешен разузнавач на протестот во Цезареја, каде Нетанјаху има приватна вила.

Противниците на владата планираат големи протести во Ерусалим, за кои беше најавено дека ќе траат неколку дена.