Зеколи: Странците не се спремни да го употребат „стапот“ против „про-руската“ влада на Груевски!

0
1297

Одлуката на СДСМ  да  ги прекине  преговорите  е изнудена. Опозицијата  не  требаше воопшто да  влез во дијалог со  ВМРО ДПМНЕ,  вели во интервју за Фактор, поранешниот македонски амбасадор Арсим Зеколи.

arsim-zekoli2

„Не станува збор за минирање на договорот од 2 јули, туку за смислена стратегија на ВМРО и ДУИ која уште од март целеше да се преживеат нападите од опозицијата“  оценува  Зеколи.  Според него , меѓународната заедница  ја потценува кризата во Македонија  која  најверојатно по  фијаското  сега уште повеќе ќе се продлабочува.

„Втората половина на оваа година ќе биде опфатена со вистинската криза на многу полиња, но и со се помалку инструменти и можности за приближување на ставовите и наоѓање разрешница “ се проценките на поранешниот македонски дипломат во Виена .

За  Зеколи,  Брисел е веќе небитен во македонската приказна, меѓутоа тој се сомнева  и во улогата на САД која е сериозно ставена пред предизвик.

„Со бришењето на евро-интегративната иднина на земјата, на Вашингтон им се одзема инструментот шаргарепа и им преостанува само инструментот стап, кој не сум сигурен дека се спремни да го употребат кон власта. Барем судејќи по тоа колку американски државјани имаат во оваа наводно “про-руска” влада. Затоа не ни очекувам некој позначаен исход и од најавената  посета на Нуланд, сем колоритни изјави, филувани со ред-два критики колку за да се импресионира јавноста“.

Во интервјуто Зеколи “вината“ ја лоцира и кај Брисел и Вашингтон.

“Очигледно дека прелесно стекната навика на Брисел и Вашингтон да го потценуваат општествениот гнев, ја презираат јавноста, постмеваат на опозициската конструктивност и на крај тој очигледен нивен восхит од ликовите како што се Груевски и Ахмети, не донесе во оваа ситуација на речиси целосен крах на доверба во институцијата на компромис. А тоа знаеме кон што води на крај. Судир“, вели во интервјуто Зеколи.

Тој смета дека заканата за апсење на Заев иако е реална сепак Груевски и Ахмети знаат дека со таков чин ке си пресудат себеси.

“ Ќе ја споредам таа, да ја наречеме реална закана кон Заев од страна на Груевски-Ахмети, со она препотентно, нарцисистичко и арогантно предизвикување на ДУИ кон Заев да објави се што има за Ахмети и неговото друштво. И откога Заев им ја исполни желбата, бевме сведоци како тоа насилничко јуначење на ДУИ заврши со медиумско плачење и криење низ партијски дувла. Затоа, пораката на Заев иако делува наивно и мачистичко на моменти, сепак е пресметан одговор базиран врз моралниот чин на пожртвуваност во борбата против монструмот, акт на Давид против Голијат ако сакате.

Груевски и Ахмети добро знаат дека доколку го уапсат Заев, тие ќе си пресудат себе си. Бидејќи чинот на апсење на лидерот на опозицијата ќе биде знак до јавноста дека веќе немаат никакви аргументи, никаков морален авторитет, никаква стратегија или мудрост да го победат на избори, туку се сведени и присилени да со отворено насилство го елиминираат од политичката сцена. И така, сакале или не сакале селанецот од Муртино го издигнат во икона на непокор и македонски Лех Валенса“ оценува Зеколи.

Целото интервју прочитајте го ОВДЕ.