ЗА ИНАЕТ НА АПАСИЕВ И ЛЕВИЦА УТРЕ ЌЕ НЕ ПРЕЛЕТААТ ДВА ЏИНОВСКИ, ВОЕНО ВОЗДУХОПЛОВНИ АМЕРИКАНСКИ АВИОНИ ОД ТИПОТ Б52

0
1468

Воздухопловните сили на САД во Европа и Африка утре во 14.35 часот ќе извршат прелети над Скопје со два воени воздухоплови од типот Б52 . Министерството за одбрана најави дека прелетите на воздухопловите го демонстрираат силното сојузништво во НАТО и претставуваат гарант за целата Евроатланска област вклучувајќи ја и Македонија.

„Со цел да ја прикажат посветеноста и гаранцијата на сигурноста кон балканските сојузници и партнери на НАТО, Воздухопловните сили на САД во текот на денот освен над македонското небо ќе извршат прелети и над Хрватска, Црна Гора и Албанија“, информира министерството.