ЗАЕВ: ПРОБАВМЕ ДА ЈА СПАСИМЕ ЕУРОСТАНДАРД БАНКА, НЕ СЕ НАЈДЕ СОЛИДЕН ИНВЕСТИТОР, ВЕРУВАМ ДЕКА СИТЕ ШТЕДАЧИ ЌЕ БИДАТ ОБЕШТЕНИ, БАНКАТА ИМА ВРЕДНА ЗГРАДА ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ

0
1055

– Бев известен како премиер за проблемите на Еуростандард Банка уште во 2019-та, пробавме да ја спасиме банката со барање на потенцијален инвеститор, но не се најде солиден субјект кој ќе ја купи банката, на крај верувам дека гувернерката повлекла правилен потег, верувам дека сите штедачи ќе бидат обештени, и тие до 30 000 евра од фондот за осигурување на штедни влогови кој е во солидна состојба има 17 милијарди денари капитал а штетата која треба да ја покрие околу Еуростандард Банка е само 4 милијарди, значи само 25% од капиталот на фондот, но и штедачите со влогови над 30 000е ќе бидат обештетени затоа што банката има вреден имот како на пример самата зграда во центарот на градот која вреди многу пари, па во стечајната постапка од продажбата на тој имот ќе се обештетат ситер штедачи дури верувам дека ќе се обештети и фондот за осигурување на штедачи и сите доверители во банката.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешниот прес после седницата на ЦО на која беа потврдени кандидатите за министри во новата влада на СДСМ, ДУИ и ДПА.