ЗАЕВ ИМ БРКНА ВО ЏИГЕР НА ВМРОВЦИТЕ : Предметите од СЈО мора да добијат завршница!

0
1040

Лидерот на СДСМ и мандатар, Зоран Заев, се обрати на денешната собраниска седница за избор на новата Влада.

-Со гордост и со чист образ се обврзувам дека заедно со целата влада ќе покажеме уште еднаш дека можеме. Ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро, вети Заев од собраниската говорница.

Тој пред пратениците и јавноста ја образложи владината програма.

-Имаме план за стабилна економија. Платите ќе продолжат да растат, а со нови пакети ќе ги помагаме ранливите категории граѓани. Нашите цели се јасни 20.000 денари минимална плата и 34.000 просечна плата до крајот на четиригодишниот мандат, рече Заев.

Тој вети и реформи во правосудниот систем.

-Доаѓа време на неселективно владеење на правото. Првиот чекор, е веќе направен од страна на Антикорупциската комисија,  за испитување на имотната состојба на судиите и јавноте обвинители. Исто така се проверува и работата на судиите. Судиите за кои ќе се докаже дека свесно застарувале предмети ќе бидат разрешени. Предметите од СЈО, кои со години лутаат во судските лавиринти, мора да добијат разрешница, рече Заев.