ЕКО АКЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ, ОПШТИНА САРАЈ И КОМУНАЛНА ХИГИЕНА СКОПЈЕ

0
379

Денеска со учениците од средното училиште на Град Скопје „Сарај“ и дечињата од градинката „Филиз“, по повод 20 април Денот на планетата Земја, Град Скопје заедно со јавното претпријатие Комунална Хигиена Скопје и Општината Сарај, имаше заедничка еко акција за едукација, чистење и селекција на отпад и садење украсни дрвца и цвеќиња на неколку локации во паркот во Сарај.

Дечињата цртаа на еко-теми, учеа низ игра со селектирање отпад и беа дел од еко-едукација за подигнување на свесноста за важноста на зачувување на животната средина и како правилно се постапува со комуналниот отпад уште од најмала возраст.