ДРЖАВЈАНКА НА ДАНСКА БИЛА КИДНАПИРАНА ВО ГОСТИВАР, НАСТАНОТ ГО ОРАНИЗИРАЛ ЕКС ДЕЧКОТО

0
656

Педесет и едногодишник е приведен по вчерашната потрага по пријава за противправно лишување од слобода на 36 годишна жена, информира денеска СВР Тетово.

На 04.08.2023 во 20.30 часот во с.Палатица, гостиварско, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар ја пронашле М.К.(36) од Данска за која претходно е добиена пријава дека против нејзина волја е задржана во Гостивар.

Според пријавеното, тоа било организирано од нејзиното поранешно момче и други лица од Данска.

По извршениот службен разговор од страна на Јавен обвинител од Основно Јавно Обвинителство Гостивар и по негови насоки, против Ќ.З. ќе биде поднесена кривична пријава согласно член 140 ст 1 од Кривичниот законик и истиот по брза постапка ќе биде изведен пред судија во претходна постапка.