ДРАМА ВО БРАЗИЛ : БРАЗИЛЦИТЕ ВМРОВЦИ УПАДНАА ВО ПАРЛАМЕНТОТ И УСТАВНИОТ СУД ВО ОБИД ДА ГО ВРАТАТ БОЛСОНЕРО НА ВЛАСТ

0
518

Приврзаниците на довчерашниот претседател Жаир Болсонаро го пробија обезбедувањето и влегоа во зградата на бразилскиот парламент во Бразилија, што потсетува на упадот во американскиот Конгрес од 6 јануари 2021. Демонстрантите влегоа и во врховниот суд и ја опколија претседателската палата.

Полицијата употреби солзавец против демонстрантите пред Конгресот, но многумина успеаја да се качат на покривот на зградата.

Ова следува само една недела откако Луиз Инасио Лула да Силва ја презеде функцијата по тесната победа на минатогодишните избори. Приврзаниците на Болсонаро протестираа од неговиот пораз на 30 октомври, што главно се состоеше од блокирање патишта и кампирање пред воени бази, при што ја повикуваа војската да изведе пуч.

Болсонаро го напушти Бразил 48 часа пред истекот на мандатот, додека Лула моментално е на службено патување во Сао Пауло.