ДОБРО Е ШТО ЈА ИМАМЕ МИНИСТЕРКАТА СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА ВО УСЛОВИ НА ВОЈНА ВО ЕВРОПА, ВЕЛИ КОВАЧЕВСКИ

0
398

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, отсекогаш ги препознавал и почитувал моќта и способноста на жените, кои се наоѓале и денес се наоѓаат на важни челни позиции и во Владата и во партијата, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на Осмомартовскиот марш на Форумот на жени на СДСМ во Прилеп.
-И еве, таков е примерот во Владата сега. Со именувањето на Каја Шукова за министерка за животна средина и просторно планирање, има 50 – 50, рамноправна застапеност на жени и мажи, на министерските позиции на коишто се именувани кадри од СДСМ.

Таков е примерот и со Сања Лукаревска, заменик претседателка на Социјалдемократскиот сојуз, која е и повеќегодишна, успешна директорка на Управата за јавни приходи. Таков е примерот и со Бисера Костадиновска Стојчевска, потпретседателка на Социјалдемократскиот сојуз и министерка за култура.

Таков е примерот и со претседателката на Форумот на жени, голем борец за рамноправноста по сите основи, Јована Тренчевска, актуелна министерка во ресорот под којшто спаѓаат родовите политики, Министерството за труд и социјална политика.

Добро е што и ние – и Република Северна Македонија, сега, во услови на војна на европскиот контитент, ја имаме министерката за одбрана – нашата колешка Славјанка Петровска.

Имавме жена министерка за одбрана и за време на зачленувањето на нашата држава во НАТО, тогашната заменик претседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска.На маршот, лидерот на партијата најави конечно донесување на нов Деловник до крајот на годинава и измени во Изборниот законик и во Законот за Влада токму во делот на застапеноста на жените во законодавната, извршната и локалната власт.