ДИМЧЕ АПАСИЕВ ДОБИЛ ВЕТУВАЊЕ ОД ВМРО ДПМНЕ ДЕКА ЌЕ СТАНЕ ПРАТЕНИК АКО ЛЕВИЦА ДАДЕ ПОДДРШКА НА ГОРДАНА СИЉАНОВСКА: Стаљин од Велес разрешил цел президиум на партијата пошто биле “Троцкисти” :)))))

0
2475

Раскол во Левица. Еден од основачите на Левица, Здравко Савески, го обвини Димитар Апасиев за пуч, исто така еден од основачите и член на Президиумот на Левица.

,,Откако органите на Левица му застанаа на патот на неговото самоволие, Димитар Апасиев изврши пуч во Левица. Како Левица да е негова сопственост, разреши половина состав на Централниот комитет и повеќе од половина состав од неговиот Президиум. Фактички, секој што му застана на патот на неговото самоволие го разреши. А се претставува како голем приврзаник на владеењето на правото. Да, кога му одговара се повикува. Кога правните норми се во спротивност со неговото самоволие – ги крши“-објави на социјалните мрежи Савески.

Од своја страна пак, и Димитар Апасиев , на својот ФБ профил, исто така обвини за пуч :

,,Ноќва е извршен неуспешен обид за ПУЧ во Левица!
Фб пејџот и веб страницата се хакирани. Апелираме до јавноста да не потпаѓа на лажните шпекулации кои деновиве, додека не ги повратиме овие канали на комуникација, ќе бидат пласирани од овие приврзоци на Власта!Симптоматично е што секогаш кога има предизборен период има и обид за удбашки пуч во Левица!? Абе дечки, веќе сте прочитани и не сте интересни“-напиша Апасиев

Здравко Савески го обвини Апасиев дека работи во содејство со ВМРО ДПМНЕ:

,,Димитар Апасиев веќе подолго време е во контакт со ВМРО-ДПМНЕ и со неговото раководство. Оствари и средби со Христијан Мицковски. И очигледно работи на тоа од Левица да направи сателит-партија на ВМРО-ДПМНЕ, а за себе да си обезбеди пратеничко место преку листите на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори.

Пред две години беше извршен обид за преземање на Левица од инсталации на СДСМ. Тој обид заврши со неуспех. Сега се прави обид за пуч во дослух со ВМРО-ДПМНЕ, извршен со веројатна цел Левица да ѝ даде легитимитет на наводно независната кандидатура за претседател на државата на Гордана Силјановска, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

Жално е да се гледа како и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ роварат со цел да оневозможат постоење на партии кои нема да бидат нивни сателити. Жално е да се гледа и тоа како луѓе, поради личен интерес, се продаваат на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и на тој начин ја валкаат идејата за алтернатива на нивното клиентелистичко владеење“-напиша Савески.

Савевски го објави соопштението и на Президиумот на Левица, највисокиот извршен орган на оваа партија:

,,Упатуваме јавен демант за лажната вест која се прошири по медиумите дека во политичката партија Левица имало обид за пуч. За волја на вистината, мала група предводена од Димитар Апасиев спротивно на Статутот и законските одредби на антидемократски начин се обидоа да ја превземат контролата во партијата именувајќи се самите себе за Президиум и Централен комитет без знаење на две третини од членовите на Централниот комитет и апсолутното мнозинство на Президиумот, како и поширокиот број на членови.
Сакаме да потенцираме дека Левица не е само Димитар Апасиев и дека оваа партија ја создадовме за коренито реобликување на стварноста, а не да робува на неговиот политички опортунизам.
Да не дозволиме единствената искра за суштинска промена на општеството да згасне под притисокот на гробарите на овој народ, а тоа се СДСМ-ДПМНЕ-ДУИ“-стои во ова соопштение.

Политичката партија Левица официјално е регистрирана на почетокот на 2016 година. Таа е формирана од членовите на движењето Ленка, кое беше претходно формирано како движење за социјална правда и беше учесник во Шарена револуција.