ДИМИТРОВ : ДАЛИ Е ВРАТЕНО ВРЕМЕТО НА ЗАПЛАШУВАЊЕ И ЗАМОЛЧУВАЊЕ?

0
311

Никола Димитров – поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров со поддршка за синдикалниот лидер на М-НАВ, Александар Тасевски, кој вчера бил повикан во полиција откако бил пријавен од неговиот менаџмент во Контрола за летање за наводни закани.Тасевски е поддржувач на невладината организација на Димитров – „Солуција“.

„Целосна поддршка за Александар Тасевски и за Синдикатот! Институција што треба да е составена исклучиво од врвни професионалци е очигледно под континуиран силен напад од партиите за сместување на свои неквалификувани кадри. Борбата на Тасевски е борба каде се кршат копјата – дали оваа држава има сѐ уште сила да пружи организиран и силен отпор на клиентелизмот, дали има останато професионалци кои независно од разликите меѓу себе умеат да застанат сложно за да го одбранат дигнитетот – својот личен, на институцијата каде што се и на својата професија.

Токму од исходот на оваа борба зависи дали ќе не’ биде. Но, овде исто така, прашањето е и дали е вратено времето кога наместо да се фокусира итно да ги решава нештата за кои алармираат гласни синдикални лидери и граѓански активисти, системот ги впрегнува своите алатки за да ги уплаши и замолчи!? Е затоа пријатели оваа борба нѐ засега сите!“, напиша Димитров на Фејсбук.