ДИМИТРИЕВСКИ НА АРГУМЕНТ ПЛУС НА 24 ВЕСТИ : НА ОВИЕ ИЗБОРИ НАСТАПУВАМ ЗАЕДНО СО ГРАЃАНИТЕ

0
49

За локалните избори немав партиска логистика, бидејќи на последните
локални избори бев граѓански кандидат со собрани потписи, како и на овие
избори. Настапувам заедно со граѓаните. Ние во движењето ЗНАМ сме мал
политички субјект, дури имаме двојно повеќе потписи за граѓанска
поддршка на мојата кандидатура од вкупниот број на членови на партијата“
рече кандидатот за Претседател на Македонија, Максим Димитриевски во
гостувањето на Анализа на 24 Вести.

Одговарајќи на прашањето зошто се вклучил во трката, кога анкетите
покажуваат дека најголема поддршка имаат големите партии, Димитриевски
одговори дека:

„ Значи претходно видовме дека анкетите беа оспорени од власта, дека
наводно опозицијата манипулира. И јас верувам дека со анкетите сериозно
се манипулира на нашиот простор, затоа што истите служат за креирање на
јавното мнение, а не за анализирање и сондажа на јавното мнение. Ние
објавивме пред неколку дена анкета од иста релевантна агенција, работена
во истиот период, како и последната лиферувана во јавноста. Не се
сеќавам дека вашата телевизија истата ја објави. Одредени медиуми ја
објавија.

Тоа е само доказ плус дека не сите анкети подеднакво се објавуваат. Таму
резултатот на Максим Димитриевски е најдобар. Но како и да е вистинската
анкета ќе ја видиме на 24 по гласањето. Ние пулсот на граѓаните го
чувствуваме секојдневно. Јас уште на самиот почеток реков дека во оваа
кампања влегов не да учествувам, туку да победам и да бидам Претседател
на Македонија. Како тоа ќе се случи. Исто како што се случи во Куманово.
СДСМ изгуби, бидејќи е катастрофално лош, предводен од ова раководство.
ВМРО не победи.Тоа реално може да се случи и во Макаедонија.“

Во однос на менувањето на Кривичниот закон и како тоа ќе го стори како
Претседател на државата, Димитриевски рече дека Претседателот и те како
има можност како и сите останати, согласно законот и Уставот да предлага
закони и дополнително Претседателот е институција во државата којашто
преговара и разговара со актуелната власт која и да е и дополни:
„Со предлог закон. Претседателот е овластен да предложи закон. Ќе
предложам закон дури сум подготвен тоа и со Устав да го ограничам,
бидејќи недозволиво е еден функционер да не одговара за тоа што ќе го
стори, а еден човек што е фатен на продажба на црно со одредени стоки,
како што имавме случаи, значи за салати, краставици и така натаму
одговараа луѓето. Тоа е неправедно општество. И тоа мора да се смени“.

Запрашан како ќе го оствари ветувањето за 13 пензија, Димитриевски
објасни:
„ Јас не зборувам за 13 пензија, туку зборувам за 13 пензија во форма на
субвенција. Како тоа може да се изведе. Секоја година во буџетот
остануваат вишок нереализирани финансиски средства коишто потоа со
ребалансот на буџетот се прекројуваат и се даваат на одредени
мнистерства коишто пак преку непродуктивни трошоци ги реализираат за
набавка на разноразни непотребни работи. Едно ќе ви кажам градинките во
Македонија пред извесен период набавија филтери за воздух коишто чинат
во јавната набавка четири пати поскапо отколку да погледнете на интернет
се истите модели и сето тоа. Имаме филтри за воздух, а ни течат
крововите. Тоа е тоа, перењето на пари. Тие пари наместо да се наменат
нерподуктивно да се трошат, може да се пресметаат на крајот на годината
во делот на капиталните расходи од буџетот колку тоа средства
остануваат и да се пренесат како субвенција во форма на 13 пензија на
сите пензионери и да бидат поделени и трансферирани кон пензионерите.
Тоа би значело на годишно ниво дополнително покачување, индиректно, на
пензијата помеѓу седум и осум проценти, а да се следи и трендот на
усогласување“.

Во однос за ставот околу уставните измени и внесувањетто на Бугарите во
Уставот, Димитриевски рече дека може да се направат уставни измени, како
што е наведено и во неговата Програма, Манифест за Македонија, со тоа
што тие амандмани ќе имаат важност откако Македонија ќе стане
полноправна членка на европската унија.

Во однос на менувањето на преговарачката рамка, тој нагласи дека:
„Ние во овој случај имаме две преговарачки рамки, првата што ја потпиша
господинот Димитров и втората што ја потпиша господинот Бујар Османи. И
двете преговарачки рамки го потврдуваат текстот на декларацијата на
бугарскиот парламент за која многу малку се зборува во македонската
јавност. Каде што по ди фолт со таа декларација се негира македонскиот
јазик, македонскиот идентитет, се инсистира дека Македонците постојат од
44-45 година, а претходно според нив, сме биле Бугари и се навлегува во
македонската самостојна историја. Зборуваме за преговарачката рамка дека
може и ќе ви потврдам дека може веднаш по изборите, доколку имаме
национално единство, ако го видат Македонецот обединет на тие теми.
Како, исто како што беше постигнато и во многу случаи во минатото или
последните случаи со Црна Гора и Србија“.