ДЕСПОТОВСКИ : НА ГОЛЕМ БРОЈ НА ЧЛЕНОВИ НА СДСМ НЕ ИМ БЕШЕ ОВОЗМОЖЕНО ДА ГЛАСААТ

0
124

Кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски денеска по завршување на изборите во партијата, им се заблагодари на членовите кои излегле да гласаат.

„Денеска, дел од членовите на СДСМ гласаа. СДСМ е единствената партија и во земјава, и во регионот, која има широк модел за избор на претседател. Со тоа треба да ја покаже својата големина и демократски капацитет. Но, тој демократски капацитет денес, но и во деновите што следат треба да биде докажан и потврден.

Од срце им благодарам на сите членови на партијата кои излегоа да гласаат, како и на сите оние кои излегоа, дојдоа на избирачките места но од различни причини не им беше овозможено да гласаат. Искрено им благодарам на сите оние кои во изминатите неколку недели беа со нас и дадоа своја енергија во градење на еден нов СДСМ. – рече Деспотовски.