ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: НЕМА ОДГОВОРНОСТ ЗА РАЗУЛАВЕНАТА ПАРТИСКА ВОЈСКА НА ДУИ

0
363

Судот потклекна под притисокот на ДУИ и не определи притвор за насилниците од ДУИ кои неовластено упаднаа во контролната кула за летање, физички нападнаа контролори и ја загрозија безбедноста на воздушниот сообраќај.

Ако за ова тешко кривично дело нема притвор за насилниците кои можат да го повторат делото, да влијаат на сведоците или да ја напуштат државата (сите имаат повеќе пасоши и други документи за идентификација), како што веќе четворица се недостапни, тогаш не знаме што треба да се случи за државните институции да профункционираат.Граѓаните со огромно разочарување и револт ги следат случувањата со контролата на летање и не можат да веруваат што се случува во и со државата.

Само да потсетиме, прво реагираше Синдикатот во М-НАВ, за партиските вработувања на кадри кои не ги исполнуваат строгите услови за работа, па повикување во полициска станица на разговор на синдикалниот лидер, следи упад на осуммина во контролата на летање, но нема реакција од полицијата и осумте партиски насилници бегаат. Реагираат медиумите, граѓаните и опозициските партии, се приведуваат четворица од насилниците, но Судот не им определува притвор и што е следно?

Логично е Јавниот обвинител да реагира за да може Апелациониот суд да се изјасни, но  потребна е и соодветна реакција и од Судскиот совет.Владата предводена од Ковачески не треба да најавува смени, туку по реакцијата на Демократскиот сојуз, требаше веднаш да ги суспендира директорите на М-НАВ и да именува експерти кои ќе раководат со оваа витална  организација.

Гласно и со огромна горчина сите се прашуваме и коментираме, дали законите важат подеднакво за сите граѓани, дали е можно да профункционира правната држава, дали мoже некој да ги запре криминалот, корупцијата и разградувањето на државата од кадрите на ДУИДржавата е во колапс, а состојбите ќе се влошуваат, затоа во техничката Влада не треба да има кадри од ДУИ, доколку сакаме фер и демократски избори и мирен трансфер на власта.