Грујо и ВМРО-ДПМНЕ се во паника, почнаа да ги мобилизираат ТОКМАЦИТЕ во пресрет на протестот на опозицијата на 17 мај

0
968

scenario

А1ON објави пораки кои пристигнале до редакцијата преку кои владејачката партија се обидува да ги организира своите членови со цел преку различни методи да го опструира големиот протестен митинг што СДСМ го најавуваат на 17-ти мај.

Партијата ги мобилизира своите членови да одат кај граѓаните и да ги дезинформираат дека опозицијата планира да изведе „црно сценарио“.

Задолжение за Координирани на ИЕ

1. Преку координаторите да се задолжат сите претседатели на ОО да започнат акција „од врата на врата“. Во контактите со граѓаните да се објаснува дека СДСМ и Заев на 17-ти посакуваат црно сценарио во кое ќе бидат вклучени луѓе од подземејето. Нивната цел е да има немири, а се оди до таму да се посакува најлошото, да има жртви. Акцијата треба да се реализира ИТНО со формирање на тројки.

2. Важно е да се спроведе и FB кампања од партиските fb профили и од профилите на целото членство

3. Задолжение за претседателите на ОО:

Да назначат координатор кој ќе изготви список на fb профили на членството.
Сите материјали кои се објавуваат на интернет порталите и ја поддржуваат политиката на Коалицијата да се споделуваат и лајкуваат.

За сите активности да се доставуваат дводневни извештаи.

zad 2