ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ПЛАСНИЦА ЈАОСКИ МУ ДАДЕ 30 000 ДЕНАРИ НА ЧОВЕКОТ ШТО ГО НАПАДНА МЕЧКА ПОРАДИ ПРЕТРПЕН СТРАВ И ХРАБРОСТ

0
478

Општина Пласница му додели 30 илјади денари на Мирле Рамчески за претпрениот страв и и неговата храброст, објави на Фејсбук градоначалникот на Пласница, Алија Јаоски.

-Денес општината одлучи на нашиот сограѓанин Минче Рамчески кој се најде во необична и застрашувачка ситуација да му додели финансиска помош од 30.000 денари за претрпен страв и неговата храброст. Тој ги искористи своите вештини и храброст и се одбрани од напад на мечка. Со ова, ги повикувам сите наши сограѓани и нашата дијаспора да се приклучат во овој хуманитарен напор и да донираат за поддршка на нашиот граѓанин Минче Рамчески во неговата борба да го надмине овој тежок период. Ниту еден придонес не е мал, и секоја помош ќе има значаен удел во неговото физичко и емоционално опоравување, напиша Јаоски.

Завчера помеѓу селата Пласница и Ораоец во општина Македонски Брод, мечка го нападна возрасниот човек, кого го спасиле ловци кои случајно биле во близина.

Откако ги слушнале повици за помош, тие испукале неколку истрели во воздух, после што мечката побегнала, а нападнатото лице било кое било преплашено се здобило со телесни повреди.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, изјави дека кога ќе бидат утврдени сите околности за нападот, МВР треба да собере детални информации за мечката и потоа да се побара од Министерство за земјоделство и од Министерството за екологија да извршат процена дали се исполнети условите за отстрел.